Достапни линкови

Отворена спомен куќа на Блаже Конески


На 19 декеври 1921 година во прилепското село Небрегово се родил основоположникот на македонската лингвистика Блаже Конески. Со неговите стихови од Тешкото и Везилката, после 84 години од раѓањето е отворена куќа во која што се родил. По повод двата Илиндена со реставреирана дом на великанот Македонија доби македонистички центар. Имам само една порака до вас граѓаните рече претседателот на фондацијата „Небрегово“ Трајко Стаматовски:

„Чувајте го овој дом, како што го чувате своето родно огниште.“

Покровител на проектот за реставрација е претседателот Бранко Црвенковски кој рече дека Конески буди восхит мегу сите пред се затоа што уште на 23 годишна возраст предложил концепт за македонскиот стандарден јазик кој бил прифатен од сите:

„Тој мислеше и често го повторуваше тоа дека политичката конституција на еден народ, не може да се оствари без неговата духовна, а пак во таа духовна конституција клучна е улогата на литературниот јазик. Имаме чест и задоволство на нашата и светската јавност, на младите научници и писатели, проучувачи на делото на Конески да ја отвориме вратата од оваа куќа и со тоа да го одржиме ветувањето и симболично да ги покажеме својата почит кон еден од најголемите синови на македонскиот народ и отвореноста што ја негуваме кон сите други.“

Отворањето на овој центар преставува одбележување на 60 годишнината од кодификацијата на македонија јазик и правопис и е во склоп на останатите празнувања по повод 102 годишнината од Илинденското востание и 61 првата годишнината од првото заседание на АСНОМ. Во Крушево ќе се одвива централната прослава за Илинденското востание.Точно на полноќ мегу 1 и 2 август со ипровизран напад на градот ке започне манифестацијата 10 дена крушевска република на која ќе говори претседателот на Собранието Љубчо Јордановски. Со поетски рецитали, меморијалните активности и други културни настани Македонија ќе се сеќава на овој битен настан.
Одбележувањето пак на првото заседание на АСНОМ ќе се одржи во меморијалниот центар во Пелинце а на свеченоста ќе се обрати премиерот Владо Бучковски.Во Пелинце покрај културните активности ке бидат поставени и штандови на невладините организации, а учениците од основните училишта ќе ги презентираат своите ликовни творби. Освен овие центарлни прослави двата илиндена се чествуваат и во Трново каде ќе се обрати министерката за надворешни работи Илинка Митрева, но празнувања ќе има и надвор од државава, во Австралија и во Србија И Црна Гора каде што Македонците организирано ќе ги одбележат овие два битни датуми.
XS
SM
MD
LG