Достапни линкови

Светот се буди доцна и почнува да дејствува и праќа помош


Гладта пустоши во Нигерија, една од најсиромашните држави во светот. Таму, секој трет гладува. Барањата за помош останаа неодговорени се додека по медиумите не се појавија слики на изгладнети дечиња.

Во привремениот медицински центар во Нигерија, сестрата Ванеса Реми Пиколо гледа во едно мало дете. Неговото мало тело е исушено од недостиг на храна.

„Ова е дете кое дојде тука со сериозна неухранетост што ние во Центарот ја оценуваме како минус четири. Тоа значи дека тоа е на едногодишна возраст а тежи нешто над три ипол килограми. Таа тежина е нормална за новородено бебе. Поради неисхранетоста неговиот организам е со намален имунитет и е подложен на сите видови инфекција.“

Ова приказна во Нигерија се повторува илјадници и илјадници пати. Според хуманитарните организации, една третина од популацијата на оваа африканска земја, вклучувајќи и скоро милион деца, гладуваат. Тешката ситуација премина во вистинска криза откако во минатата година Нигерија беше зафатена од наезда на скакулци и големи суши. Но, Еда Вилијамс не се согласува со ваквите наводи.

„Пред ова едно од пет деца беше неисхрането. Значи ние зборуваме за хронична сиромаштија која доведе до ваква ситуација.“

Владата и Обединетите Нации со месеци апелираа за помош. Но, скоро и да немаше одговор се додека слики со изгладнети деца не се појавија на телевиизиите низ светот.

„Навистина, светот се разбуди многу доцна. Ние говоревеме за ова скоро една година. Меѓутоа, дури сега земјите почнаа да дејствуваат заедно. Треба да најдеме начин ова да не се повтори.“

Вели Брендан Кокс од хуманитарната организација Оксфем, додавајќи дека сега со авиони се носи храна во Нигерија.

„Наша цел е да дистрибуираме дваесет и три илјади тони храна до крајот на септември во сите делови на Нигерија. Цел ни е таа да стигне до милион и двесте илјади луѓе на кои им е најпотребна.“

Наведува Џанкарло Чири од Светската проограма за храна, задолжен за Нигерија. Помошта почна да стигнува и ќе спаси многу животи. Сепак, за некои таа дојде предоцна. Обединетите Нации соопштија дека илјадници деца веќе умреле од глад. А, Нигерија не е единствената земја во Африка која гладува. Но, како што велат хуманитарците, ваквиот тивок хорор се одвива надвор од телевизиските камери и затоа останува незабележан во светот. Хуманитарните организации бараат во септември да се одржи самит на кој ќе бидат донесени конкретни мерки во борбата против гладувањето во светот. Шефот на Светската програма за храна Џејмс Морис вели: Неприфатливо е да се чека на уште некоја гротескна парада на изгладнети деца пред да се покренат владите да дадат помош.
XS
SM
MD
LG