Достапни линкови

Во Македонија се злоупотребува детскиот труд


Децата во Република Македонија се злоупотребуваат. Колку и да звучи страшно, ова е реалност и мора да се соочиме со неа, велат лекарите и психолозите. Една од најчестите золупотреби е злоупотребата на детскиот труд. Анализите покажуваат дека 0,02 насто од децата од 10 до 14 годишна возраст се изложени на економска злоупотреба. Меѓу нив, најчесто се злоупотребувани девојчињата. Мора да бидеме свесни за овој факт и да преземеме превентивни мерки, вели директорката на Институтот за медицина на трудот Јованка Каранџиска Бислимовска:

„Не смееме да го заборавиме феноменот и појавата на децата на улица. Но, не смееме да заборавиме и дека сме аграрна земја. Нашите деца се присутни и во земјоделските активности. Токму од тие причини и институтот за медицина на труд и Министерство за здравство, ќе предвидат превентивни програми.“

Освен економската злоупотреба во последно време во пораст е и борјот на детските жртви на сексуална злоупотреба. Од почетокот на годината во Македонија се пријавени 11 случаи. Оваа бројка не е реална, вели Ана Панчева од здружените за заштита на детските права „мал голем човек.“

„Злоупотребата се случува од пред четири години, а во семејството за прв пат е откриена пред една година. Што значи оние трауми кои ги носи детето во себе е потешко да бидат надминати затоа што тие се вкорениле во самата нејзина личност. Така што раното октривање е од витално значење.“

Секоја злоупотреба на деца мора на време да се пријави во спротивно ќе остави големи трауми кај младиот човек, вели доктор Михаил Левенски:

„Се менува сонот, исхраната, расположението и детето може да побара и утехи во вечните тешители, а потаму и да се западне во болест од психосоматиката.“
XS
SM
MD
LG