Достапни линкови

logo-print

Мери Младеновска, министерка за правда. 2005 година за спроведување на реформите во правосудството


Владата и старнските преставници во земјава како најважен дел од реформите кои се спроведуваат ги посочуваат реформите во правосусдството. Госпоѓо Младеновска, како ресорен министер може ли да направите преглед, што е досега направено?

Минатата година беа усвоени измени и дополнувања на кривичниот законик, измени и дополнувања на законот за кривична постапка и донесен е нов закон за јавно обвинителство, но најголемиот дел од обврските кои се дел од стратегијата се точно пропишани во 2005 година, затоа можеме слободно да кажеме дека 2005 година е година за спроведување реформи во правосудниот систем, иако акцискиот план има активности до 2007 година, бидејќи дел од активностите на законодавен план се пропишани за 2006 и 2007 година. Може да кажеме дека дел од активностите се поврзани со измена на уставот, а дел од активностите не се поврзани со измена на уставот. Најзначајна обврска за 2005 година е изготвувањето на измените на уставот. Можам да кажам дека со овие активности дури се движиме и пред роковите пропишани во програмата на владата, затоа што во моментов, уставните измени се наоѓаат во втора фаза, пред парламентот, во форма на нацрт амандмани по што ќе следи и јавна расправа, а потоа трета фаза ќе бидат усвојувани и предлог амандманите, за да може во таква форма да бидат и донесени од страна на парламентот. Како што истакнав, има многу закони кои не се поврзани со уставните измени и затоа во тој дел министерството имаше полесна обврска на законодавен план, бидејќи законите можевме да ги изготвиме и да ги пуштиме во владина и собраниска процедура, па така донесен е законот за извршување како значаен закон во сферата на извршување на граѓански пресуди, кој во пракса има многу причини за одолговлекување на постапките, мислам на стариот закон, па сметам дека со новиот закон за извршување ќе се одвои извршителите од судството. И на тој начин ќе се растерети баластот од предмети кои се во моментов во судовите. Потоа донесен е законот за заштита на сведоци, а изготвен од владата е и законот за парнична постапка кој има значајна улога во судската постапка, бидејќи сметаме дека тој закон ќе влијае на зголемување на ажурноста во судовите. Но, морам да истакнам дека законот сеуште не е донесен и во моментов е во фаза на гласање.

Кои закони и измени на закони следуваат да се донесат во наредниов период?

Продолжуваме со натамошни активности кои се однесуваат и на уставот и на законите чие донесување е поврзано со уставот, како законот за судовоте, законот за кој органи ќе ги избираат судовите и законот за прекршоци. За овие закони, формирани се работни групи кои интензивно работат. Меѓутоа, самите закони ќе може да бидат пуштени во постапка дури по усвојување на уставните амандмани.

3. Кога очекувате да се почувствуваат резултатите од реформите кои ги спроведувате?

Обврските за Министерството за правда се на законодавен план и се однесуваат во сферата на изготвување на законите. Многу често во јавноста има мислење дека министерството е одговорно и за состојбата во судството, обвинителството, но нашите активности се однесуваат само на законодавен план, а останатите органи се органи за процесот на имплементација. Затоа сметам дека е важно не само да ги изготвиме законите. Тоа не е едноставен дел. Но вистинските реакции ќе ги почувствуваме кога законите правилно ќе се имплементираат во пракса, за граѓаните да ги почувствуваат резултатите од реформите. Сеуште во овој процес не може да зборуваме за имплементација, затоа што законите сеуште се донесуваат. Мислам дека од 2006 натаму ќе може да зборуваме за имплементација.
XS
SM
MD
LG