Достапни линкови

Дали повиците ќе влијаат врз милитантите?


Муслиманските свештеници во Канада и Соединетите Држави деновиве издадоа таканаречана фатва против тероризмот. Тие велат дека ваквиот чекор бил инспириран од сличната декларација што ја издадоа нивните британски колеги по терористичките напади во Лондон. Но, дали фатвата ќе има некакво влијание врз милитантите кои можеби планираат уште напади во светот.

По првиот напад врз Светскиот трговски центар во Њујорк во илјада деветстотини деведесет и тертата година, анкетите покажаа дека американците се претпазливи спрема муслиманите. Сега пак, по секој напад на исламските милитанти, во Соединетите Држави растат антимуслимански чувства. Поради тоа Советот за американско исламиски односи издаде декларација во која се вели дека исламот не простува насилство или терор.

,,Не постои во Исламот оправдување за екстремизмот или тероризмот. Напаѓањето цивили со бомбаши самоубијци или со други методи е харам, забрането од исламот и оние што ги извршуваат ваквите варварски акти се криминалци, а не маченици.”

Вели Музамил Садиџи, претседател на Советот. Извршниот директор Нихад Авад додава дека муслиманите во Соединетите Држави повеќе од една деценија се обидуваат да им покжат на американските сограѓани дека не треба да ги осудуваат сите муслимани поради злосторствата на некои од нивните редови.

,,Оваа порака е јасна, бидејќи во последно време се појавија обвинувања дека американските муслимани не доволно го осудуваат тероризмот.”

Фатвите најчесто се издаваат со цел да имаат влијание на локално ниво. На пример фатви издадени од муслиманските муфтии во Египет ги следат само египетските, а не и пакистанските муслимани. Шукри Абед, експерт за муслимански прашања од Вашингтон, вели дека ваквиот чекор на Советот за американско исламски односи е добар. Сепак, тој и на став дека фатвите најчесто имаа ограничен ефект.

,,Очигледно дека нивниот потег е исправен, но нивниот мотив е да им се покажат на владите на Соединетите Држави и на Канада. Тие живеат тука и затоа сакаат да се покажат во најдобро лице. “

Наведува Абед кој се двоуми и околу можноста дека фатвата ќе влијае да се поправи американскита перцепција за муслиманите.

,,Реалноста е поинаква од онаа што ја гледаат лидерите на американските муслимани. Постои голема омраза спрема американската надворешна политика, како и уверување дека насилството е прифатлив дел од борбата против империјализмот и западните идеи.”

Вели Шукри Абед.
XS
SM
MD
LG