Достапни линкови

Нарушена комуникација меѓу Македонија и Србија и Црна Гора


„Иако имаат влијание случувањата помегу српската И македонската црква, сепак, најпрво доцнењето, а потоа „тактизирањето“ со одговорот од српска страна на барањето на Македонија за посета на манастирот св. Прохор Пчињски, по повод одбележувањето на 2-ри август, е пред се одраз на „недефинираната“ надворешна политика на српската Влада, смета аналитичарот Ѓунер Исмаил коментирајки ги актуелните случувања на релација Македонија Србија и Црна Гора, по повод одбележувањето на АСНОМ:

„Од една страна туркаат политика на европеизација, а од друга страна ги тераат овие прикаски околу Македонија, околу црквата, ги имаат тешкотиите околу она што ќе се случува со Косово и на крајот на краиштата го имаат нивниот внатрешен политички простор, во којшто вистинските демократски сили се преслаби за дефинитивно да ја пренесат таа земја во редот на цивилизирани држави,“

вели Исмаил.

И професор Димитар Мирчев оценува дека во целиот настан станува збор за мегудржавни односи, а не црковни, иако постои обид проблемот да се доведе во таква корелација, што пак според него дава за право да се смета дека станува збор нарушување на комуникацијата меѓу двете држави.

„Мислам дека во основа се работи не за меѓу црковен спор, туку за односи меѓу две држави, затоа што очигледно е дека прашањето постои долго време, и јасно е дека црквите ниту може да го разрешат, ниту пак некои од нив сакаат. Се работи за државната димензија. Севкупно мислам дека се работи за влошени меѓудржавни односи.“

Ваквата ситуација смета професор Мирчев, доколку продолжи може да се одрази и на стабилноста во регионот.

„Објективно и натаму ќе влилјаат на нестабилноста на регионот. Тука СЦГ треба многу да сторат, не само пасивно, туку и со активно учество за решавање на тие спорови.“

потенцира Мирчев.

Македонската влада донесе одлуката на 61-та годишнина од АСНОМ да не испрати делегација во манастирот св. Прохор Пчињски а настанот да се одблежи во меморијалниот центар Пелинце. Српското министерство за надворешни работи по доцнењето со одговорот, соопшти дека македонските власти за тоа треба да побараат одговор од српската православна црква во чија надлежност е манастирот.
XS
SM
MD
LG