Достапни линкови

logo-print

Лекарска екипа на АРМ заминува на мисија во Авганистан


Како дел од активностите во рамки на стремежот на земјава кон НАТО интеграцијата, македонското министерство за одбрана ја подготви првата лекарска екипа која на деветти август ке замине за Авганистан како дел од од здружниот медицински тим на трите земји потписнички на Јадранската повелба, меѓу кои освен земјава се и Хрватска и Албанија. Здружениот медицински тим ке биде дел од мисијата ИСАФ, а ќе биде интегриран во рамки на грчкиот континген во Авганистан, за што во Атина веке е потпишан меморандум мегу двете земја:

„Помеѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Грција е потпишан меморандум за разбирање за поддршка на медицинскиот тим. Здружениот медицински тим ќе биде распореден во рамки на грчкиот контингент во Кабул,“

изјавува Биљана Аврамовска портпарол на Министерството за одбрана. Вкупниот број на здружениот медицински тим на земјите од Јадранската повелба кој ќе замине во Авганистан е дванаестмина, во кој Македонија учествува со четири члена екипа. Тимот помина специјална обука за успешно извршување на задачите, вели портпаролот на Генералштабот на АРМ Димче Петровски.

„Тимот е во состав три лекари, шестс медицински техничари и два болничари.“

Врз основа на претходно потпишаниот меморанудм мегу земјите од Јадранската група, Македонија во првите шест месеци ке биде водечка нација на екипата. Краен рок до кога Македонија ќе учествува во оваа мисија нема, но екипите по пат на ротација ке се менуваат на секои Шест месеци:

„Следната ротација ќе биде во декември и Република Македонија е подготвена, односно тимот што ќе го замени тимот од Авганистан е максимално подготвен,“

потенцира Аврамовска.

Учеството со медицинска екипа за Македонија ке биде прво искуство, иако земјава на патот на НАТО интеграцијата е дел од пвоеке мегународни мисии надвор од земјава. Како учеството со еден професилнален вод војници во мисијата слобода за Ирак како и Авганистан.
XS
SM
MD
LG