Достапни линкови

logo-print

Софија: Одбиен предлогот за малцинска влада


Бугарскиот парламент доцна синоќа со тајно гласање го одби предлогот за малцинска влада на социјалистите и турската партија Движење за права и слободи. Доколку и по втор пат владата на Сергеј Станишев не ја добие довербата мандатот ќе и биде даден на партијата на бившиот крал и премиер Симеон Саксобурготски. Аналитичарите се сомневаат дека и тој ќе добие мнозинство поради што Бугарија влегува во политичка криза. Европската Унија предупреди да не се троши време на формирање нова влада за да може да и се приклучи според предвидениот рок.
XS
SM
MD
LG