Достапни линкови

Лондон: Притворени девет лица во истрагата по терористичките напади


Во јужен Лондон се притворени девет лица во истрагата по нападите врз лондонскиот транспортен систем. Според Британската полиција, меѓу притворените не се тројцата осомничени бомбаши за нападите на 21 јули по кои и натаму се трага. Четвртиот осомничен бомбаш Јасин Хасан Омар беше фатен вчера во Бирмингем. Неколки часа по неговото апсење се притворени три жени осомничени дека им дале засолниште на бомбашите кои го извршија вториот бран несупешни напади во Лондон на 21 јули.
XS
SM
MD
LG