Достапни линкови

За граѓаните подолг работен стаж, за себе бенефиции


За околу еден месец стартува примената на новиот закон за пензионирање. На стотици сеуште вработени но и оние прогласени како технолошки вишок или пак стечајци, чија агонија во Заводот за вработување трае речиси деценија очигледно и нема крај. За дологочекуваната пензија според новиот закон оние вработените ке треба да работат уште неколку години, односо жените до 62-та година од староста, а за мажите условот е 64 години старост. Исто толку време ке ја чекаат пензијата и оние од армијата ,,под Завод,, кои повеке години по губењето на работата единствената надеж гледаа во добивањето на каква таква пензија. Ќе има ли веќе крај се прашуваат?

„Јас сум во групата со 35 години стаж и такви луѓе многу ретко примаат на работа.“

вели Драги Мицевски поранешен вработен во Охис.

Во целиот неповолен процес, се чини во уште понеповолна ситуација се оние кои за само неколку месеци или пак што е најлошо за само некоку дена од 1 септември кога законот стапува во сила, нема да можат да ја дочекаат пензијата.

„За пет до шест месеци не ме фаќа новиот закон. Не да ме револтира, туку немам зборови,“

револтирано реагира Иван Ивановски еден од вработните во „Железара“. За иронијата да биде уште поголема, речиси во исто време велат овие луге собранието си го донесе законот со кои се предвидува пензионирање со само 25 години стаж за пратениците, а за работниците во оваа држава никој не се грижи.

„Парламентот за своите луѓе бара со 25 години стаж да оделе во пензија.“
„Лесно е за луѓе на позиција да остварат полесно доход, ама има луѓе кои работеле потешка работа, како на пример во градежништвото и тој човек како сега може да стои на нозе?“


Од Синдикатот пак со ветување дека се обидуваат да изнајдат начини ја убедат Владата да го пролонгира законот за одредено време.

„Сега правиме дополнителни напори додека работи парламентот да ја завршиме оваа работа и да се предложат измени и дополнувања. Во спротивно, ако не се донесат од 1 септември ќе почне да се применуваат,“

Но, на крајот од силите во дологодишното чекање на евентуално решение на нивната ситуација ретко кој од овие луге верува во овие ветувања.

„Бев во синдикат и разговарав и знаете кој беше одговорот? Вие ќе треба да направите петиции за да го постигнете тоа. Па велам, тогаш кои сте вие? Што застапувате?,“

разкажува Ивановски.
XS
SM
MD
LG