Достапни линкови

logo-print

Носталгијата по старите скопски сокаци и згради


Поминаа 42 години од скопскиот земјотрес, кога загинаа повеќе од 1,000 луѓе, а над 200 илјади останаа без домови. Еден скопјанец, се сеќава на овој ужасен ден и се надева дека на Скопје никогаш нема да му се повтори трагедијата:

„Првиот ден работев на расчистување. Таа слика од 63 година ја гледам и сега. Ужасна слика.“

Познатите објекти, како Офицерскиот дом, и стариот театар, за некого се вредни само затоа што сме носталгично поврзани со нив, а за други пак, белег што треба да му се врати на градот:

„Тоа е носталгија кај луѓето, но тоа не е тоа. Затоа што тие не беа хигиенски, дрвени конструкции.“
„Пред земјотресот не беше вака. Уредено е, изградено, направено. Ама, има работи што недостигаат на Скопје од пред земјотресот. Тие стари сокаци ми се останати и денеска.“


Скопје е убав град, само му недостига организација, коментираат граѓаните:

„Скопје си е убав град, јас многу си го сакам. Има многу позитивни, но и негативни работи.“
„Моментно се ми се допаѓа, има и многу убави нови работи, ама не ми се допаѓа политиката и тоа што луѓето немаат пари.“


А, оние кои патуваат велат дека скопјани само сонуваат дека живеат во метропола:

„Многу е гужваст, недефиниран, неурбанизиран, несреден.“

Граѓаните имаат различни мислења за архитектурата на Скопје по земјотресот, но сите се согласуваат дека градските власти треба најмногу да работат на хигиената во градот.
XS
SM
MD
LG