Достапни линкови

Македонија останува на дното по приливот на странски инвестиции


И покрај фактот што во Македонија не постојат рестрикции за влез на странски капитал, освен во воената индустрија, трговијата и промет со оружје и дрога и заштита на историските знаменитости, земјава е во групата на држави со најнизок прилив на странски директни инвестиции, информираат од министерството за економија. Во периодот од осамостојуавњето вкупниот прилив на странски инвестиции изнесува милјарда и дваесет и пет милиони американски долари:

,,Странските инвестиции во Македонија во најголем дел се поврзани со приватизацијата која веќе завршува. Како земја со најголем износ на инвестиции се издвојува Унгарија поради приватизацијата на Телеком, а потоа следува Грција,”

изјави Маја Курчиева, раководител на секторот за странски директни инвестиции при министерството за економија која додава дека раздвижена инвестициона активност има во 1998 година до 2001 кога се случи конфликтот, а 2002 е година кога има драстично намалување на странските инвестиции. Потоа следеа ветувања од актуелниот претседател, а тогашен премиер Бранко Црвенковски за зголемување на домашните и странските инвестиции. Од собраниската говорница тој се обврза дека во 2004 инвестициите ке бидат поголеми за 200 милиони долари во однос на вкупните инвестиции од 2003. Во министерството за економија оценуваат дека по 2002 трендот на директни странски инвестииции бележи постапно зголемување со учество во бруто домашниот производ од над 2 проценти годишно. Ќурчкиева посочува дека во тек се повеќе процеси што имаат за цел создавање на поволен економски амбиент

,,Пред се јакнење на законитоста. Заокружување на процесот на приватизација и решавање на проблемот со големите претпријатија на државата. Регистрацијата на деловните објекти, трудовото законодавство, градежните дозволи итн.”
XS
SM
MD
LG