Достапни линкови

Багдад: Најмалку осуммина загинати во експлозија на две бомби


Изутрината во Багдад, како што јавуваат агенциите, експлодирале два автомобила бомби. Во првата експлозија што се случила во близина на хотелот Садир во центарот на градот загинале најмалку шест луѓе, додека десетмина биле повредени. Вториот напад бил изведен врз поранешната палата на Садам Хусеин при што најмалку двајца загинале, а четворица биле ранети.
XS
SM
MD
LG