Достапни линкови

logo-print

Шарм ел Шеик: Продолжува истрагата за експлозиите


Египетските власти ја продолжуваат истрагата за саботните терористички атентати во Шарм ел Шеик во која досега се уапсени околу 70 локални жители, меѓу кои и осомничени за серијата напади во кои загинаа 88 луѓе, а над 100 беа ранети. Арапската телевизија АСН - њуз јави претпладнево дека притворени се 70 работници и продавачи во трговскиот комплекс на Стариот плоштад и во хотелскиот комплекс Нама Беј, кои во моментот се испрашуваат од специјалните служби. Според истиот извор, полицијата трага по уште двајца можни учесници во нападите, млад маж кој веднаш по експлозијата на Стариот плоштад побегнал со автомобил, и друг маж кој фрлил чанта со експлозив на автобуската станица во Нама Беј, и веднаш по експлозијата побегнал со такси возило. И денеска сите приоди и излези од и кон Шарм ел Шејк се целосно блокирани од египетските специјални служби и од полицијата.
XS
SM
MD
LG