Достапни линкови

Брисел: Нападите во Шарм Ел Шеик потврда дека терористите не прават разлика меѓу народите и верата


Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Скефер изјави дека експлозиите во египетското летувалиште Шарм Ел Шеик се доказ дека терористите не прават разлика меѓу народите и верата. Во соопштението на НАТО, Схефер потенцира дека нападите во Египет во кои загинаа над 80 луѓе, покажуваат дека припадниците на сите народи и вери се жртви на тероризмот кој не прави разлика. Нападите според него потврдуваат дека е потребно сите зеји да се здружат и одбранат од тероризмот.
XS
SM
MD
LG