Достапни линкови

96 настотна прецизност во временската прогноза


И во временската прогноза, Македонија е далеку зад европските земји, иако техниката не е најсовршена, сепак, во 96 насто прогнозите се остваруваат, вели Никола Николовски од Управата за хидрометереолошки работи. Тој додава дека Македонија е сиромашна, но ги следи достигнувањата во европските земји и се обидува да ги применува:

„Ние сме мала земја. Со мали економски можности и секогаш сме поназад и во областа на метереологијата од западно европските земји. Тежиме да ги достигнеме и да ги користиме нивните искуства.“

Граѓаните чекаат за завршат вестите за да ја чујат прогнозата. Велат дека според предвидувањата си ги планираат и деновите:

„Следам. Јас сум пензионер и планирам, кога ќе кажат дека е толку температурата, излегувам на пазар отсабајле, порано.“
„Да, ако кажат дека врне носам и чадор.“
„Јас мислам дека даваат добра прогноза во последно време.“
„Прилично се исполнуваат и можеш да планираш.“
„Битно ми е времето за на работа. Во ситибајк сум и тоа ми е битно.“


Сепак, меѓу граѓаните има и такви кои со сомневање гледаат на прогнозите.

„Јас мислам дека не може временска прогноза за вчера да кажат, а не подалеку.“
„Никако не планирам. Не погодуваат.“


Колку е подалечен денот за кој треба да се прогнозира, толку е поголема веројатноста дека ќе се згреши, велат од Управата. Тие додаваат дека Македонија за предвидувањата користи нов математички модел, подобар и попрецизен од претходниот.
XS
SM
MD
LG