Достапни линкови

Беспотребно, избрзано заради постигнување на политички цели


Постојат институции на системот чија обврска е континуирано да ги гонат субјектите кои сториле кривично дело затајување на данок. Во оваа насока не е оправдан начинот на кој Владата одбра да се справува со овој вид криминал, при тоа без конкретно наведување на субјектите инволвирани во т.н. даночна пирамида, сметаат економските експерти коментирајќи ја аферата со даночната евазија. Експертот Џевден Хајредини, кој има искуство на поранешен министер за финансии објаснува:

„Не сакам да помислам дека и ваквите феномени во општеството се најавуваат и за постигнување и на други политички цели, иако во јавноста тоа е и присутно како сомневање, посебно од опозицијата. Прво, тоа не требаше толку рано да се најави дека постои. Службите, УЈП, финансиската полиција се платени постојано да откриваат и тие нема потреба да најават дека ќе откриваат, кога ќе откријат, тогаш ќе ги објават.“

Без презентирање на конкретни податоци од страна на Владата за клучните инволвирани актери и времетраењето на овој вид криминал во земјава, како и досегашната слабост на институциите да се справат со овој проблем, според експертот за корупција Михајло Маневски остава простор за сомневање дека Владата има реална намера да се справи со учесниците во даночната пирамида.

„Доколку добро не се објасни мислам дека ќе се создаде конфузила што е тоа што се случува во Република Македонија.“

Потенцира Маневски. Лоцирајќи ги причините за можноста за избегнување на плаќање на даноци кон државата, и затајуванје на големи парицни суми, Хјредини смета дека една од мозностите е очигледната слабост во законските акти.

„Точно е дека немаме култура за даноци и знаејќи дека ни е таква состојбата треба да водиме сметка во градењето на законските и подзаконските акти да нема пропусти што може да ги користат луѓето.“

Зборувајќи конкретно за корените на т.н. даночна пирамида како тип на криминал во земјава, Маневски додава.

„Според податоците на УЈП, последните три – четири години има неплатен ДДВ 120 милиони евра. Но, од тоа тешко дека ќе може да се наплати и половината, затоа што голем дел од тие фирми, смислено го префрлаат капиталот на нови правни субјекти, а потоа следи пријава за стечај, којашто најчесто завршува со отворање и затворање на стечајната постапка, затоа што, наводно, стечајниот долќник немал имот,“

заклучува Маневски.
XS
SM
MD
LG