Достапни линкови

Бејрут: Седум лица повредени во експлозија на прометна улица


Седум луѓе биле повредени, од кои четворица потешко во синоќешната силна експлозија во една прометна улица во Бејрут. Бомбата била подметната во близина на еден автомобил и претставува прв таков напад по повлекувањето на сириските војници од Либан и по именувањето на новата либанска влада пред два дена. Нападот се случи само неколку часови по ненадејната посета на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на Бејрут. Рајс денеска е во Рамала на разговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас.
XS
SM
MD
LG