Достапни линкови

Полицијата уби осомничен бомбаш самоубиец во метро


Лондонската полиција денеска застрела и уби човек во метро во јужниот дел на градот кој ,според непотврдени извештаји, е осомничен бомбаш самоубиец. Според полициски портпарол полицајците биле предизвикани од лицето. Според очевидците станува збор за млад азиец. Еве што изјави Марк Витби еден од очевидците на настанот.

„Погледнав на десно од мене и видов како еден човек трча накај возот. Трчаше многу брзо. И слушнав истрели – пет истрели. Кога се качував по ескалаторот имаше најмалку 15 –20 полицајци кои се симнуваа надолу наоружани со машинки, пиштоли.“

Лондон – град на стравот, е насловот во еден од британските весници кој ја опишува ситуацијата пред денешото пукање во Стоквел станицата. Инцидентот следи по вчерашните речиси симултани напади во лондонското метро и автобусот. Британската полиција ја продолжува истрагата за вчерашните напади за кои одговорноста ја презеде Абу Хабс ал Масри бригада поврзана со Ал Каеда онаа иста група која ја презеде одговорноста и за нападите пред две недели во кои загинаа над 50 лица.
XS
SM
MD
LG