Достапни линкови

Самара: Судири меѓу напаѓачите и американските и ирачките сили


Агенциите јавуваат за нови судири во централниот ирачки град Самара меѓу напаѓачите и ирачките и американските сили. Се наведува дека најмалку 4 лица загинале од кои тројца цивили. Од друга страна, засега никој не ја прифати одговорноста за киднапирењето на двајцата алжирски дипломати во Багдад. Тоа е последен инцидент во кои цел се странски дипломати во Ирак. Ал Каеда претходно ја прифати одговорноста за киднапирањето и убиството на египетскиот пратеник во Багдад.
XS
SM
MD
LG