Достапни линкови

logo-print

ЕУ има внатрешни проблеми, но останува најдобар модел за демократија и стабилност


ЕУ по отфрлањето на Уставот од Холандија и Франција има сопствени внатрешни проблеми, како на пример во економијата, но и проблемот со емиграцијата, но таа и натаму останува најдобриот модел кој гарантира стабилност и демократија. Во таа насока, според членот на евро парламентот Дорис Пак, земјите од Западен Балкан, кои имаат аспирации за влез во Унијата, мораат да демонстрираат сериозна подготвеност за исполнувањето на стандардите што ги подразбира европскиот проект:

„Гарантирање на стабилноста, демократијата и почитување на човековите права претставуваат клуч за влегувањето на земјите од регионот во Унијата. Соработката меѓу земјите во регионот треба да се темели на заеднички проекти, како во делот на граничното обезбедување и борбата против криминалот, трговијата со луѓе и корупцијата, како и во потпишување договори за слободна трговија и регионална соработка во транспортот и енергетиката.“

Но, интегрирањето во ЕУ, покрај исполнувањето на општи стандарди, заеднички за сите земји подразбира и исполнување на услови, специфични за секоја земја одделно. Во тој контекст, за Македонија се клучни стабилноста, економските прилики, како и почитувањето на одредбите од Рамковниот договор. Ова последното, според дел од студентите на универзитетите во нашата земја треба да претставува основа врз која во перспектива ќе се гради нашата земја како европска:

„Голем чекор е направен со тоа што прашањата во однос на Рамковниот договор се затворени. Верувам дека сета енергија сега ќе се сконцентрира на решавањето на економските проблеми.“

„Сеуште сме далеку и треба многу да работиме за да завршиме со политичките прашања и да кажеме, готово, се вртиме кон економијата.“


Според некои студенти на патот на нашата земја кон Унијата, отворено прашање претставува и прашањето за името, односно проблемот со Грција.

„Ќе мора да се свртиме кон себе, врз основа на тоа ќе се извлече оценката дали ќе не примат или не. Ако ја одржуваме безбедносна, економијата, правиме баланс околу човековите права, само така ќе може да влеземе во ЕУ.“
XS
SM
MD
LG