Достапни линкови

Турканици, редици, нервоза - вообичаена слика


,,Како сега овој шалтер работи до два, а сите до четири, објаснете!?”
,,Ама чекајте.”


Ова е вообичаениот тон, гужва, нервоза и редици чекање пред шалтерите за вадење на лични документи. Летните одмори, но и сеуште актуелните уписи на факултетите, создаваат хаос на речиси секој шалтер во одделените за издавање на лични исправи.

„Чекаме по два-три часа на шалтерите. Гужва, луѓево дури почнуваат и да припаѓаат, ова е катастрофа.“

„Многу е гужва, претерано. Јас и вчера доаѓав и попладне и од сабајле, постојано е гужва.“


Најоптимистичката варијанта за да се извади исправа, според искуството на повеќето грагани кои чекаат во редици со саати, е две недели, згора на тоа велат граганите не враќаат и за најмала ситница.

„Седум пати ме враќаат за еден документ. Не ни кажуваат што треба одеднаш, туку седум пати треба да чекаш ред и посебно за се да ти кажат.“

„Враќај се за ова, враќај се за она. Такстени марки бараат, од 100 од 200 денари.“


Но, веќе вообичаениот хаос, деновиве дополнително е зголемен и со новата одлука која веќе стапи во сила, а според која и децата веќе од вчера за патување надвор од земјава мораат да имаат свој посебен пасош. За пасош за секое дете трошоците се околу 1300 денари, а нивната важност е само две години. Сето ова создава револт меѓу граѓаните кои од овие причини не наоѓаат одобрување во ваквата одлука на Министерството за внатрешни работи.

,,Не се слагам со тоа, зашто многу е краток периодот за пасоши за деца.”
,,Знаеме од пред еден месец, ни пропадна одморот за Грција.”
XS
SM
MD
LG