Достапни линкови

logo-print

Пакистан: Продолжува испитувањето на уапсените во врска со нападите во Лондон


Пакистанските власти, како што јавуваат агенциите, го продолжуваат испитувањето на уапсените под сомневање дека се исламски милитанти, поврзани со терористичките напади во Лондон. Се уште нема никакви информации дали меѓу уапсените над двесте лица имало и некои од Ал Каида. Британскиот премиер Тони Блер вчера изјави дека владата ја разгледува можноста за одржување на меѓународна конференција на која ќе се разговара за преземање заедничка акција за искоренување на исламскиот екстремизам кој води кон тероризам.
XS
SM
MD
LG