Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Следната недела продолжение на меѓународните разговори за Северна Кореа


Меѓународните разговори за нуклеарното вооружување на Северна Кореа ќе продолжат во идниот вторник во Пекинг. Ова денеска го соопшти портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Конг Куан. Северна Кореа ги напушти шестпартитните разговори пред повеќе од една година. Јужна Кореа, Кина, Јапонија, Соединетите Држави и Русија се обидуваат да ја убедат Северна Кореа да се откаже од своето нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG