Достапни линкови

logo-print

Јордан: Завршува меѓународната донаторска конференција за Ирак


Денеска во Јордан завршува Меѓународната донаторска конференција за Ирак. На дводневниот состанок на кој улчествуваа шеесетина земји и организации се согласија дека треба поголема координација на донароте во реконструкцијата на Ирак. Вчера беше изнесен податокот дека од триесет и двете милијарди долари што беа ветени на претходната конференција Ирак добил само седум милијарди долари.
Над шестотини илјади луѓе биле евакуирани од крајбрежните подрачја на Кина во очекување на тајфунот Хаитанг. Дождовите проследени со силен ветер претходно го зафатија Тајван предизвикувајќи големи поплави во кои загинаа најмалку четири лица.
XS
SM
MD
LG