Достапни линкови

Дискусија за предлог законите за анти тероризам


Британскиот премиер Тони Блер и лидерите на опозицијата на денешниот состанок со политичари и лидери на муслиманската заедница во Британија разговараат за предложените нови антитерористички закони. Владата планира да одржи серија вакви разговори со цел што е моќно подобро да се спречат подготовката и обучувањето луѓе за изведување терористички напади.

Прашања, загриженост и страхувања. Вака накусо би можело да се опише она што ги следи плановите на британската влада за новата антитерористичка лигислатива. Опозиционите партии веќе соопштија дека во птинцип ја поддржуваат, но изразија загриженост за некои детали. На пример што ќе се подразбира под владината дефиниција ,,поттикнување тероризам,,. Муслиманската заедница пак, страхува дека новата легислатива би можело да води кон забрана на работата на некои џамии, нешто што британскиот министер за внатрешни работи Чарлс Кларк го отфрла. Тој вели дека владата нема планови да ги контролира џамиите. Конечно, тука се и резултатите од најновото истражување на јавното мислење кои покажуваат дека британското учество во војните во Ирак и во Авганистан доведоа до бомбашките напади во Лондон. Ваквата врска наиде на малку симпатии кај шефот на британската дипломатија Џек Строу:

,,Времето за оправдување на тероризмот заврши. Терористите удрија низ целиот свет, во земјите сојузнички со Соединетите Држави и во земјите кои немаат ништо со војната во Ирак. Тие удрија во Кенија, Танзанија, Индонезија, Јемен. Терористите во изминатиот викенд удрија во Турција која не ја поддржува нашата акција во Ирак.”

Но, многумина не се согласуваат со оценката на британската влада. Кристина Корбет аналитичарка од Лондон вели:

,,Мислам дека би било целосно наивно да се верува дека војните во Ирак и во Авганистан немале големо влијание за зацврстување и ширење на исламскиот екстремизам. Но, исто така би било наивно да се мисли дека доколку овие војни не би се воделе тогаш би немало проблем со тероризмот.”

Смета аналитичарката Кристина Корбет. Инаку, муслиманските лидери во Британија уште претходно изразија вчудовиденост од тоа што четворица британски муслимани ги изведоа лондонските напади и оти за спречување на исламскиот екстремизам ќе биде потребно партнерство меѓу владата, полицијата и верските организации.

,,Муслиманската заедница не треба да се третира како проблематична, туку како заедница која е подготвена за својата улога во општетството,,

вели еден од лидерите на Муслиманскиот совет во Британија Икбал Сакрани. Вчера имамите од петстотини британски џамии издадоа таканаречена фатва, верски указ во кој се осудува насилството што го проследија до политичарите во Лондон. Фатвата в петок ќе биде прочитана во сите џамии во Британија.
XS
SM
MD
LG