Достапни линкови

Дали оптимизмот на власта е реален?


И под претпоставка до крајот на годината Македонија да добие позитивна оценка за одговорите на прашалникот, можно е преговорите за членство да траат многу подолго од очекуваното, сметаат експертите. Оттука додаваат тие треба да сме пореални кога говориме за интегрирањето на земјава во Европската Унија. Од една страна поради состојбата во земјава, а од друга поради ситуацијата во Унијата по француското и холандското не за европскиот устав.

,,Мислам дека тој оптимизам главно е присутен во владините кругови. Кај аналитичарите и интелектуалците преовладува реализам и критичност кон нашите напори. Она што е регресивна димензија на тој оптимизам, ни создава илузии дека сме многу блиску до ЕУ, а не сме, дури и под претспоставка да добиеме позитивна оценка до крајот на годината на одговорите на прашалникот, дури и на пролет да почнат преговорите мислам дека ќе бидат тешки преговори.”

изјави Димитар Мирчев профессор на Факултетот за општествени науки.

Од ВМРО-Народна велат дека ширењето на оптимизот мегу народот е неопходно. Според нив најавжно за Македонија е постигнувањето на стандардите, а не исполнување на рокови.

,,И да не биде ништо, ние не треба да се раководиме од желби да бидеме членови на некоја елита. Тоа не е ниту елита, ниту постои, нам ни требаат стандардите кои функционираат во Европа. Тие стандарди обезбедуваат политичка стабилност, безбедност и економски просперитет. На оваа држава и требаат тие три работи. Без разлика дали ќе не примат или не, ние да ги имаме нивните станадрди сме завршиле историска работа,”

изјави Слободан Чашуле.

Оптимизмот, посочуваат од партите на власт се должи на најавите од Брисел и исполнувањето на превземените обврски:

,,Извесно е сето она што се најавува по сите сигнали и пораки од претставниците на меѓународната заедница. Пред се во делот на исполнувањето на Рамковниот договор, исполнувањето на политичките критериуми, се надеваме и одлично одговорените прашалници,”

вели Борис Кондарко од Социјалдемокртаскиот сојуз.
XS
SM
MD
LG