Достапни линкови

logo-print

Криминал, тероризам, премногу политика…


Засилено полициско обезбедување пред институциите и на улиците по експлозивната направа што беше подметната кај полициската станица на Бит Пазар и продолжување на истрагата по стрителите надополнета соотсуство на јасна слика во јавноста за тоа кој стои зад поставената експлозија како и зад настаните во Кондово, Вратница ја отсликуваат атмосферата во земајава. Се отвори и прашањето дали постои поделеност во албанскиот политички блок за последните настани:

,,Кога ќе се вмеша премногу политика нормално да се појават различни ставови, мислења, полемики, бидејќи кога би имало чиста приказна, значи кога не би имало разни приказни се би било поедноставно. Но, имате ситуација кога претседател на држава преку прес конференција му соопштува на премиерот како треба да реагира, значи се работи за нешто подлабоко, а ние се вртиме во круг,”

вели публицистот Ибархим Мехемти. Според аналитичарот Мерсел Биљали пак сликата со последните настани какокај Битпазар, во Кондово и Вратница не се во интерес на Албанците што живеат во Македонија:

,,Воопшто не е интерес на Албанците, ниту во Македонија, ниту пошироко за настаните коишто може да се нарекуваат терористички. Тоа е затоа што постои став дека секоја политика кога води кон независност на Косово не треба да се рефлектираат негативно во регионот. Така што, овие настани само документираат дека можното независно Косово би се рефлектирало негативно. Тоа единствено одговара на српско грчките служби. На српски служби поради нивните позиции за преговорите.”

За впечатокот дека постои поделеност околу настаните во Кондово меѓу албанскиот блок тој вели

,,Не е толку важно како одделни партии кои перманентно знаеле да ја експлоатираат негативната состојба со негативна енергија, тоа не е важно, важно е што кај народот вакви настани жестоко се осудуваат. Во однос на тоа како да се реши, мислам дека е жалосно да се води политика околу тоа, тоа е прашање по кое во секоја нормална држава се оценува, проценува и постапува.”
XS
SM
MD
LG