Достапни линкови

Проширувањето на ЕУ и иранската нуклеарна програма топ теми


Министрите за надворешни работи на Дваесет и петте земји членки на Европската Унија се состануваат денеска за последен пат пред септември. Дневниот ред на состанокот е многу широк: разговорите со Иран околу нуклеарната програма, можните санкции против Узбекистан, реформите во Обединетите Нации, проширувањето на Унијата.

Што се однесува до проширувањето, вниманието на министрите, главно за кандидатурите на Хрватска и на Турција. Според извештаите, постоела голема согласност меѓу членките на Европската Унија дека е преурането да и се дозволи на Хрватска да ги почне разговорите за зачленување во Унијата. Меѓутоа, претставниците на Словачка и на Унгарија, како што јавуваат агенциите, со став дека Загреб не мора да биде неоправдано казнет за неговата неможност да го предаде на Хашкиот трибунал осомничениот за воени злосторства генерал Анте Готовина. Во врска со Турција Европската Унија во минатиот месец им ја предаде на земјите членки потребната документација за разговорите со Турција за нејзиното членство во Унијата што треба да почнат на третти октомври годинава. Сепак, некои земји, како Австрија, Франција и Холандија, се залагаат за дополнително зацврстување на условите што лидерите на Унијата и ги поставија на Турција на нивниот самит во минатиот декември. Едно од главните прашања на денешниот состанок се европските разговори со Иран околу неговата контроверзна нуклеарна програма, особено во светлината на изборот на Махмуд Ахмади/неџад за нов ирански претседател.

„Ние штотуку ја завршиме осмата рунда на разговорите за трговска соработка со Иран и постигнавме извесен напредок. Овие преговори се дел од пакетот што му е понуден на Иран доколку се откаже од нуклерната програма и доколку преземе некои чекори за подобрување на човековите права во земјата.“

Вели Ема Удвин портпарол на Европската Комисија. Таа и со најавата дека Европската Унија ќе го продолжи притисокот врз властите во Узбекистан за да дозволат независна меѓународна истрага за случувањата за време на антивладините протести во Андиџан во мај годинава.

„Длабоко сме загрижени за ситуацијата во Узбекистан по настаните во Андиџан. Советот разгледува какви мерки би можело да бидат преземени со цел да го сменат мислењето на властите во Узбекистан во врска со меѓународната истрага.“

На денешниот министерски состанок во Брисел се гледа и како на подготовка на Европа за септемвриското Генерално собрание на Обединетите нации на кое ќе се разговара за најавените реформи во Светската организација. И додека европскиот став за формирање на нова таканаречена миротворна комисија која ќе ги обединува сите акции: од воведување мир, до демократизирање на некое подрчје, е едногласен, оној за предлогот за проширување на Советот за безбедност останува поделен. Официјалното објаснување на Унијата е дека постојат различни аспирации на индивидуалните земји членки. Како што е познато, Британија и Франција имаат право на вето во Советот, а тоа право сега го сака и Германија.
XS
SM
MD
LG