Достапни линкови

Багдад: Најмалку десетмина загинати во два одвоени бомбашки напади


Најмалку 10 лица загинаа мегу кои и пет ирачки полицајци во два одвоени напади на бомбаши самоубици врз полициски патроли во Багдад, соопшти полицијата. Во првиот напад загинале двајца полицајци и еден цивил во источниот дел на Багдад, а биле ранети 7 полицајци и еден цивил. Еден час подоцна во друг напад изведен пред полициска станица во јиужниот дел на Багдад, загинаа тројца полицајци и 4 цивили. Инаку Вчера во напад на бомбаш самоубиец во близина на Багдад загина 55 лица а 82 беа ранети. Напаќачот кој се наоѓал во цистерна полна со гориво стигнал до бензинската пумба и го активирал експлозивот кој го носел со себе.
XS
SM
MD
LG