Достапни линкови

Мераци за кафе, цигари и чашка алкохол


Најголем број од македонските граѓани не поминуваат ниту еден ден без да се напијат кафе. Бројот на пушачи е стабилен и се движи од 36 до 38%, а секој четврти граѓанин се изјаснува како љубител на вина или други алкохолни пијалоци. Ова го покажуваат последните истражувања за навиките на македонските граѓани спроведени од агенцијата Брима Галуп. Граѓаните се согласуваат дека и кафето и цигарите се навика, а не потреба.

„Тоа е навика и пушењето и пиењето.“
„Не чувстувам потреба, ама навика“
„По три кафиња, утринско, на во 11 на работа, па после ручек.“


За други пак кафето е секојдневна потреба.

„Потреба е, оти ми се спие, омалаксана сум.“

Некои од повозрасните граЃаните велат дека порано повеќе пиеле кафе, но од здравствени причини се откажале од нивниот омилен пијалок.

„Порано пиев, ама му пречи на организмот, па ги оставив и цигарите и кафето.“

Дел од соговорниците ни признаа дека денот им е поубав кога ќе се напијат чашка ракија или пиво. Велат салата и ракија се вистинската формула за убаво расположение.

„Богами, чашка – две, со салата, пред ручек, тоа е вистинското.“

Некои од граѓаните велат дека околината има силно влијание врз навиките кои поединецот ги стекнува.

„Порано пиеше сопругот многу, ама сега е добро.“

Истражувањата на Брима Галуп покажуваат дека поголеми консументи на пијалоци се оние кои имаат динамичен стил на живеење, редовно патуваат во странство и посетуваат ресторани за брза храна. Останатите кои имаат вообичаен стил на живеење, освен кафе, се друго консумираат во значително помала пропорција.
XS
SM
MD
LG