Достапни линкови

Лондон: Бројот на загинати во бомбашките напади зголемен на 54


Британската полиција соопшти дека бројот на загинатите од минатонеделните напади во Лондон се зголеми на пеесет и четири лица. Претходно, полицијата ги објави имињата на двајца од четворицата осомничени дека ги извеле самоубиствените бомбашки напади. Станува збор за момчиња со пакистанско потекло, родени во Британија. Истрагата, како што се наведува, сега била фокусирана врз оние што ги подготвиле и финансирале нападите.
XS
SM
MD
LG