Достапни линкови

Утре на полноќ ќе биде објавено шестото продолжение


Преполни со волшебници, зли или добри, и со други фантастични креатури, книгите за Хари Потер допреа до милиони читатели во светот, стари или млади. Сега, детето волшебник уште еднаш ќе ги маѓепса во најновото шесто продолжение што ќе биде објавено во сабота на полноќ.

Ковчегот со вреден товар беше ставен во блиндиран камион во Њујорк. Станува збор за копија на последната книга за Хари Потер, од авторката Џоан Кетлин Роулинг. Книгата го мина Атлантикот на бродот Квин Мери Два и сега се наоѓа на непознато место во Њујорк. Ова е само една од мистериите што го следат официјалното објавување на книгата што, ете, ќе се случи во сабота, една минута по полноќ. Од своето појавување досега во светот се продадени повеќе од двесте пеесет милиони книги со Хари Потер. Преведни се на над шеесет јазици, а три изданија се преточени во филм.

Во книгите се говори за авантурите на Хари Потер во училиштето за волшебници. Судејќи според предпродажбата на последното издание, насловено како ,,Хари Потер енд халф блад принс,, се работи за вистинска треска меѓу читателите. Од онлајн книжарницата Амазон велат дека уште сега се продадени повеќе од милион копии.

,,Тоа ќе биде книга на годината, на столетието, можеби и на сите времиња.”

Вели Џин Ховелс, портпарол на дистрибутерската куќа дека Хари Потер ги охрабрува децата да читаат повеќе.

,,Да, ги читаат нивните Хари Потери и тоа го прават повторно и повторно. Впрочем на секои две години излегува ново издание со нивниот херој.“

Авторката Џоан Роулинг првата книга за Хари Потер ја напиша како сиромашна самохрана мајка во Шкотска. Сега таа е мултимилионерка, попрецизно, таа е најбогатата писателка на денешнината. Еве што Роулинг вели за Хари Потер:

,,Ќе биде многу тешко да го напуштам. Се надевам дека и тоа ќе дојде, бидејќи некои од работите што го следат сето ова не се многу забавни. Но, од друга страна ужасно се плашам да го напуштам Хари. Неверојатно сум среќна затоа што го работам она што најмногу го сакам на светот. Најголема награда ми е ентузијазмот на читателите.”
XS
SM
MD
LG