Достапни линкови

Се врати четвртиот контингент на македонската армија


Четвртиот контингент на македонските војници кои беа заминати во мировната операција во Ирак деновиве се вратија. Тие заминаа во декември 2004 година како први војници од ренџерскиот баталјон на АРМ. Командантот на нашите сили во Ирак капетанот Ческо Ешеф, рече дека нивната одговорност и задача била да продолжат со успешното претставување на македонските сили во антитерористичката коалиција, да ги промовираат новите ренџери надвор од земјата, но и да покажат висок професионализам, дисциплина и способност.

„Сите поставени задачи во овој период се успешно реализирани, за што говорат податоците и оценките добиени од претпоставената команда во Ирак. Самостојно или во координација со војниците на американската и ирачката армија се реализирани преку стотина различни мисии, при што беа уапсени повеќе лица кои беа на листите за барани лица, беше запленето оружје и пропаганден материјал. Се ова е реализирано без човечки загуби што најдобро покажува дека сите припадници од војници па преку подофицерите и офицерите во контигентот покажаа висока професионалност во извршувањето на задачите.“

Началникот на генералшатбот, генералот Мирослав Стојановски пак истакна дека операциите на нашиот контигент во Ирак го означуваат патот на реформите на македонските вооружени сили во согласност со НАТО стандардите:

„Верувам дека желба на секоја земја е да има кадар како вас, бидејќи вашиот професионализам, пожртвуваност и љубов кон татковината беа пример за целиот свет во изминататите шест месеци. Вие сте гласници кои го трасираат патот кои ќе ги отвара вратите на Македонија во иднина.“

Министерството за одбрана за посебното ангажирање и квалитет во извршувањето на задачите на 32 војници кои се вратија од Ирак, им додели парична награда од 120 илјади денари.
Во мировната мисија „Слобода за Ирак“ минатиот месец замина петиот контингент кој е составен од 33 војници од водот за специјални операции, двајца офицери кои работат во централната команда на армијата на САД во Тампа-Флорида и двајца офицери во рамки на американските сили во Багдад. Војниците за мировната операција ги подготви македонската армија, а трошоците за транспорт, сместување, исхрана и итна медицинска помош ги обезбедуваат САД. Другиот дел од трошоците ги покрива Македонија.
XS
SM
MD
LG