Достапни линкови

Спротиставени политички мислења меѓу власта и опозицијата


Безбедноста ситуација во Македонија е стабилна, а инцидентите кои се случија како оној во Кондово или вчерашниот во тетовското село Вратница се изолирани и неможат да ја загрозат општата безбедност сметаат Проксима и ОБСЕ.

Портпаролот на Европската унија и полиција Андреја Анџели вели дека тие го следаат секое случување одблиску заедно со македонската полиција

,,Секој инцидент е опасност за лугето кои живеат во местото каде што се случил но мислам дека не е опасност за целата држава,"

смета Анџели.

За последниот напад врз полициската станица во Вратница тој вели:

,,Според типот на оружјето кое што е користено инцидентот е сериозен но да се надеваме дека нема да се повтори и дека ке остане изолиран."

И од ОБСЕ безбедносната ситуација ја оценуваат како стабилна, а нивните набљудувачи од теренот велат дека состојбата во Вратница после нападот е мирна.

,,Во Кондово имаше забележливи подгревања на тензијата, но тоа не може да ја загрози состојбата во државата. Целосно ситуацијата во сите региони кои ги посетуваме е мирна и мислам дека тоа се рефлектира и во целата земја,"

вели портаролот на мисијата на ОБСЕ Сали Браутон.

Премиерот Владо Бучковски пак изјави дека начинот на кој што министерството за внатрешни работи ги води операции дополнително ја стабилизра државата:

,,Инцидентите и провокациите се само одговор на оние што се чувствуваат загрозени од она што ги очекува."

Од опозионерската ВМРО народна со спротивно мислење.Ситуација не е безбедна особено во пограничените региони кои се блиску до косовската и албанската граница.

,,Безбедносната ситуација во Македонија, барем ќто се однесува до владата е безбедна, но мислам дека кога станува збор за граѓаните од северозападниот дел од Макдонија, мислам дека на владата и не и е многу грижа како тоа функционира таму,"

вели Ѓорги Трендафилов

Партискиот став на ПДП е дека безбедноста во државата е стабилна

,,Тоа е производ од страна на власта, наместо да се занимава со работи што ги тангираат граѓаните во државата, очигледно поради неможноста да се решат економските проблеми се префрла политички топката од аспект на сигурноста во земјава,"

вели членот на претседателството на ПДП Мевљан Љутвиу

Во атмосфера на спротиставени мислења околу безбедносната состојба националниот совет за безбедност во петок ке одржи седница на која ке се распарава токму за ова прашање.
XS
SM
MD
LG