Достапни линкови

Преку Агенцијата за вработување до сини картони


Во огласите на веб сајтот на Агенцијата за вработување на Република Македонија се бараат готвачи , шивачки, продавачи, шанкери, но и менаџери, правници, професори, доктори, програмери. Но, во дворот на агенцијата ретки се оние кои се или биле вработени преку овие огласи. Триесет и едно годишниот Игор е таков пример. Вели, после осум годишно чекање како невработен му се јавиле и го вработиле по струката.

„Бев оттука вработен, од завод, бев вработен три години, фирмата пропадна и сега пак сум невработен. Инаку, работев како авто електричар.“

Сега е повторно е пријавен во агенцијата, но вели не очекува ново вработување.

„А, ништо не очекувам од тука.“

На некои им било понудено вработување но во моментот не биле во можност да го прифатат.

„Ми понудија кога бев бремена, ама не можев.“

Повеќето невработени пак се жалат со години сме пријавени но никогаш не ни нашле работа, велат единствена корист се сините картончиња со кои барем лекувањето ни е бесплатно

„Чекам работа, ама не понудиле ништо.“
„33 години чекам, ништо, заради картони за здравствено и социјална помош.“


Многумина од нив не би прифатиле работа која не е соодветна со нивното образование

„Мојата струка, што сум завршил школо, тоа би работел.“

Единствено оние пак кои немаат друг избор затоа што цела фамилија се невработени велат ќе работат се што ќе им се понуди

„Само да има работа, нешто да се работи, тоа е најважно.“

Според податоците на агенцијата за вработување во мај оваа година правото на здравствено осигурување преку нив го оствариле 252 768 лица, а на околу 44 000 луге им исплатиле паричен надоместок.
XS
SM
MD
LG