Достапни линкови

Најголемо фијаско на ОН


По повод десет годишнината од масакрот во Сребреница, деновиве во Обединетите Нации беше одржана расправа за тешките грешки кои доведоа до најголемите ѕверства во Европа по Втората Светска Војна. Незнаењето, инертноста, погрешните политички проценки, како што беше заклучено, им ја дадоа можноста на силите на босанските срби во јули илјада деветстотини девдесет и петата да убијат повеќе од седум илјади бошњаци. Сребреница беше најголемото фиаско на Обединетите Нации.

Диего Ариа, поранешен амбасадор на Венецуела и член на Советот за Безбедност во текот на трагичните настани во Сребреница вели дека и сега, десет години по масакрот, се чувствува како соучесник во убиствата:

„Денеска, влегувајќи тука во зградата на Обединетите Нации се чувствував како сведок кој се враќа на местото каде што е сторено големо злосторство. Тоа е многу тешко чувство, бидејќи бев дел од Советот за безбедност кој иако беше одговорен за животите на илјадници луѓе, сепак не стори ништо за да ги спаси.“

Јорданскиот принц Зеид ал Хусеин своевремено беше официјален претставник на Обединетите Нации во Загреб и одговорен за Сребреница. Тој тврди дека лидерите на Босанските срби констатно ја тестирале границата на толерантноста на Обединетите Нации и на НАТО. Тука пред се станува збор за Ратко Младиќ и за Радован Караџиќ. Според ал Хусеин, однесувањето на Обединетите нации било кукаквичко.

„Мислам дека многумина од нас почнаа да сфаќаат дека повторувањата на заканите со воздушни удари личат на безаб тигар. И покрај тоа што постојано ја употребуваме таа закана која се содржеше и во извешатите на генералниот секретар, неа никогаш не ја остваривме.“

Учесниците на дебатата се согласуваат дека Сребреница претставува крвав пример од кој меѓународната заедница научи важна лекција, дека мора решително да реагира на системските обиди за геноцид.

„Никогаш во Обединетите Нации немаше дискусија за ова прашање. Кога извешатојот за Сребреница му беше предаден на генералниот секретар уследија површна расправа и серија на изјави на Генералното собрание. Никогаш немавме темелна дебата и заклучоци врз извештајот за Сребреница. Мислам дека сме апсолутно одговорни за таквата грешка.“

Вели принцот Зеид ал Хусеин. Професорката од Харвард Саманта Пауер која беше новинар во текот на војната во поранешна Југославија го дели ваквото мислење:

„Во американскиот Конгрес, по којзнае кој пат, имаме истрага за корупцијата во рамките на програмата Нафта за храна. Колку истраги ќе имаме за сексуалните скандали на мировните сили на Обединетите Нации. Зошто пак немаме истраги за Сребреница и за Руанда. Затоа што, преку Советот за безбедност, бевме вмешани и ние.“

Доктор Мирза Кушљугиќ, сегашен амбасадор на Босна и Херцеговина во Обединетите Нации, добро се сеќава на чувството на безнадежност во последните месеци од војната:

„Прв пат се чувствував навистина беспомошен при крајот на војната. Се чувствував измамен и луѓето во Босна сфаќаа што се случува. Сребреница беше финалната фаза. Недостигот на волја да бидат спречени агресијата и геноцидот против бошњаците беше суштинската причина поради која се случи тамошниот масакр.“

Најмалку деветмина ирачки војници биле убиени во денешниот напад на вооружени лица врз контролен пункт на влезот во градот Халес во близина на Бакуба, се дознава од полициски извори во Багдад. Престрелката, како што се прецизира, траела половина час.
XS
SM
MD
LG