Достапни линкови

Хавана: Ураганот Денис ја погоди Куба


Смртоносниот ураган Денис изутрината ја погоди Хавана, главниот град на Куба и се очекува утре да ја зафати Флорида. Досега овој ураган на Куба и на Хаити однесе над триесет човечки животи. Ветрот со брзина од сто и осумдесет километри на час, како што јавуваат агенциите, корнел дрвја и покриви низ улиците на Хавана. На Флорида веќе започна акцијата за евакуирање на жителите и туристите на југот од полуостровот.
XS
SM
MD
LG