Достапни линкови

logo-print

Одговорноста за нападите ја презеде Ал Каеда во Европа


Одговорноста за вчерашните напади врз лондонскиот транспортен систем во кои загинаа скоро четириесет лица, а над седум стотини други беа повредени ја презде организацијата на Ал Каида во Европа. Според аналитичарите, ова покажува дека Европа се повеќе станува база за оваа терористичка мрежа.

Групата на Ал Каида во Европа, во соопштението објавено на интернет, наведува дека нападите во Лондон биле свети и оти со нив било исполнето нејзиното ветување дека тие ќе бидат спроведени.

„Во изјавата се предупредуваат владите на Италија и на Данска и, како што се наведува, на сите други крстоносни влади дека ќе бидат казнети доколку не ги повлечат своите трупи од Ирак и Авганистан. Нападите на седми јули можеби се поврзани и со тоа што во изминативе неколку месеци во некои европски земји беа откриени и уапсени десетици исламски милитанти.“

Вели аналитичарката Кетлин Ридолфо, прецизирајќи дека такви апсења имало во Германија, Франција, Британија, Италија, Шпанија и Холандија.

„Успехот на мрежата е во фактот што таа е, така да се каже, од домашно потекло, односно е сочинета од мулимани кои живеат во европските земји, кои го познаваат теренот и поседуваат европски пасоши кои им овозможуваат лесно да патуваат низ Европа и Блискиот Исток.“

Многумина од осомничените терористички лидери стекнувале искуство во текот на деведесетите години во Авганистан, но има и такви кои се регрутирани во поново време, особено по американската интервенција во Ирак. Терористичите мрежи во Европа што беа во состојба на мирување се реактивираа во изминативе шест месеци, со што го претворија европскиот конитенент во голем регрутен центар на бомбаши самоубици. Лондонскиот весник ,,Обзервер,, во минатиот месец објави дека сега Европа претствува водечко место за терористите пред Блискиот Исток, Северна Африка и Азија.

„Во извештајот се цитираат неидентификувани разузнавачки извори кои наведуваат дека во Европа постојат над дваесетина активни мрежи. Некои од нив се поврзани со шеесетина групи во Северна Африка. Тоа не претставува никакво изненадување ако се има предвид фактот дека мнозинството муслимански имигранти доаѓаат во Европа од Алжир, Мароко и Тунис. Во извештајот се додава дека овие мрежи се одговорни за регрутирање на доброволци за самоубиствените напади во Ирак.“

Вели Кетлин Ридолфо додавајќи дека европските влади, долго време, односно до минатогодишните напади во Мадрид, ја игнорираа опасноста од тероризмот на европско тло.

„Европските држави, по единаесети септември не ја третираа сериозно заканата од тероризмот. Од тогаш Ал Каида изведува по еден напад годишно, додека групите поврзани со оваа терористичка мрежа еден напад на секои три месеци.“

За поефикасна борба против тероризмот во Европа, според експертите, ќе треба да бидат сменети методите и целите на истрагата по евентуалните планери и ивршители на нападите.
XS
SM
MD
LG