Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати и стотина повредени


Серија експлозии денеска го потресе централен Лондон односно неговата сообраќајна мрежа, автобуси и системот на метрото кое е затворено за сообраќај. Според извештаите има најмалку 37 мртви лица и повеќе десетици ранети. Обраќање до јавноста имаше и премиерот Тони Блер кој рече дека е разумно јасно оти станува збор за серија терористички напади во Лондон. Блер за кратко го напушти самитот на Г – 8 во Шкотска. Според Блер варварски е што ова се случува на денот кога лидерите се собрани за да помогнат околу проблемот на сиромаштијата и климатските промени.

Во обраќањето до јавноста британскиот премиер Тони Блер рече.

„Разумно е јасно дека имавме серија терористички напади во Лондон. Има жртви и сериозно ранети луѓе. Нашите мисли и молитви секако се со нив и нивните семејства.“

Британскиот секретар за внатрешна безбедност Чарлс Кларк им се обрати на новинарите од пред Даунинг 10 резиденцијата на британскиот премиер. Тој рече дека полицијата и здравствените служби ја имаат контролата по страшната ситуиација создадена од серијата експлозии која го потресе Лондон.

„Здравствените служби се во функција на подршка и справување со страшните повреди што се направени.“

А еве како изгледаше ситуацијата во Лондон по експолозии на автобусите и во подземната железница.

„Јас слушнав силна експлозија. Светлината ја снема. Вагонот се наполни со чад и луѓето фрлени нанапред.“


вели еден од многуте сведоци на лондонските експлозии. Подземната железница во Лондон веднаш беше затворена, како и деловите во градот каде што се случија експлозиите.

Инаку премиерот Тони Блер изјави и дека е очигледна коинциденцијата со Самитот на Г – 8 во Шкотска.

„Секоја од земјите кои седат околу масата на Г – 8 имаат некакво искуство со ефектите на тероризмот и сите лидери ја делат нашата целосна посветеност да се порази тероризмот.“

„Посебно е варварски што ова се случува на денот кога луѓето се среќаваат за да помогнат околу проблемот со сиромаштијата во Африка и долготрајните проблеми во животната средина поради климатските промени.“


Во Вашингтон, Париз, Берлин, Атина и други градови е подигнато нивото на безбедноста по серијата експлозии во Лондон. Франција ја подигна борбената готовност на црвено ниво. Премиерот Доминик де Вилпен изјави дека на сила е највисокиот степен на претпазливост од евентуални терористички напади. Од друга страна францускиот претседател Жак Ширак кој се наоѓа на самитот во Гленгелс изјави дека е згрозен од серијата напади во Лондон и на британскиот премиер Тони Блер му ја изрази целосната солидарност на Франција. Во Германија во Берлин градските власти го подигнаа степенот на безбедност во транспортот. Претседателот на Европскиот парламент Жосеф Борел серијата напади во Лондон го нарече вараварски чин.
XS
SM
MD
LG