Достапни линкови

Македонија и во иднина ќе има поддршка од САД


Реформите во земјава, активностите за приближување кон НАТО, Европската унија, состојбата во регионот посебно од аспект на преговорите за статусот на Косово, како и американско македонските односи се главни теми на разговорите мегу актуелниот претседател на Националниот демократски институт и поранешен американски државен секретар, Медлин Олбрајт со претсатвниците на македонските власти и претставници на опозицијата во земјава. Како што информираат од владата, на средбата со премиерот Владо Бучковски, Олбрајт посочила дека Македонија и во иднина ќе има поддршка од Соединетите држави во нејзините заложби за приближување кон евроатлантските структури и воопшто при реализација на реформите за постигнување на стандардите. Според неа односите со соседите се добри, а отворените прашања треба да продолжат да се решаваат со конструктивен дијалог. На средбата таа истакнала дека решавањето на статусот на Косово нема да предизвика проблеми за регионот, а во тој контекст и врз Македонија. Олбрајт посочила дека какво и да биде конечното решение за Косово тоа нема негативно да влијае врз земјава. Во Скопје таа пристигна по дводневната посета на Косово каде оцени дека оваа година ке биде од суштинско значење за покраината и им сугерираше на косовските институции во следните месеци да работат поинтензивно. Во Приштина таа изјави дека е многу занчајно Косово да биде демокртаско и мултиеничко општество, бидејки како што рече така ќе биде посилно.
XS
SM
MD
LG