Достапни линкови

Самит на Г-8


Во Шкотска утре ќе биде одржан самитот на Г – 8 на најразвиените држави во светот. Помошта за Африка, земјоделството и субвенциите, како и климатските промени се на врвот на агендата. Америоканскиот претседател Џорџ Буш одби ратификација на договорот за глобалните климатски промени. Во очи самитот на Г-8 во Шкотска борувајки за британскиот ТВ канал во Вечерва со Тревор МекДоналд, Буш рече.

„Јас верувам дека тоа е значајно долгорочно прашање, со кое ние ќе мораме да се справиме. И затоа мојата влада се справува со тоа.“

Буш наведе дека климатските промени се сериозен проблем но дека Вашингтон нема да потпише договор како оној од Кјото затоа што и наштетува ан американската економија. Големи безбедносни мерки се превземаат пред утрешниот самит на лидерите на 8 те најразвиени земји во светот, А ова што го слушнате се снимките од протести на анти глобалистите кои се судрија со полицијата во Едимбург во Шкотска при што има околу 20 –тина повредени на двете страни. Демонстарнтите меѓу другото бараат на самитот да се издаде изјава за ратификација на договорот за климатските промени од Кјото за намалување на емисијата на штетните гасови во атмосферата. Другите земји членки на Г- 8, Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Русија го ратификуваа протоколот од Кјото. Шефот на полицијата на Едимбург ги повика демонстрантите на мирољубиви протести, на разговори и на почитување на градот Едимбург. Инаку главна точка на самитот на Г – 8 е помошта за Африка за што американскиот претседател во интервјуто за британската телевизија рече.

„Ние сме многу дарежливи, а ќе бидеме уште повеќе. Јас очекувам разговори за ова прашање на Г – 8.“

Безбедносните сили на Индија убиле пет милитанти кои извриле напад врз религиозното место Еидоија кое е свето и за индусите и за муслиманите. Во ова место одалечено 600 километри источно од Њу Делхи има комплекс на индуски храмови и џамија која беше демолирана во 1992 што предизвика насилства ширум земјата.
XS
SM
MD
LG