Достапни линкови

Гаранции за бранење од слобода на Тарчуловски и Бошковски


Во документот што министерот за првда го предаде во Хашкиот Трибунал во јуни се наведува дека државата гарантира оти Бошковски и Тарчуловски ќе му бидат достапни на Судот во секое време, доколку бидат пуштени од затвор и се наоѓаат на територијата на нашата држава

„Може да се претпостави, веројатно ќе им одземат пасош, како технички ќе го изведат не може да ви кажам, ама до сега гаранциите беа спроведувани и немаше проблеми. Нели и Србија даде гаранции. Тоа е многу скап суд, па не се исплати економски да седат тие таму кога државата дава гаранции,“

вели професорот на правниот факултет во Скопје Никола Матовски.

Според правните експерти во Хрватска не е потренбо и оттму државата да даде гарнции бидејќи доколку се случи да бидат прифатени македонски гарнации и Бошкосвки биде пушттен на слобода надлежните хрватски институции ќе постапуваат согласно хрватските норми за соработка со Хаг според кои обвинетиот кој е пуштен да се брани од слобода континуирано се следи со посебни полициски мерки, а кога Трибуналот ќе побара државата има обрска веднаш да го предаде од нивното поднесување.

Според професорот Матовски покрај тежината на предметот за кој тие се обвинети како и тежината на гаранциите на државата врз одлуката на Судот тие да бидат пуштени да се бранат од слобода може да влијаат и други причини:

„Зависи од сите околности, и од тежината на предметот, а во сето тоа е вмешата и политика, иако одлуката треба да е правна, а не политичка.“

Нема одредени рокови до кога судот треба да одлучи по барњето за ослободување. Според досегашната пракса тоа е вообичаено по 60 дена.
XS
SM
MD
LG