Достапни линкови

Сирте: Состанок на афричките лидери


Денешниот состанок на Африканската Унија во Сирте - Либија следи по саботните концерти на Лајф 8 за помош на Африка и престојниот самит на Г- 8 во Шкотска на 6 јули во чиј фокус е сиромаштијата на овој континент. Состанокот во Сирте ќе трае два дена и се очекува африканските лидери да упатат апел до 8 те најразвиени земји за поголема меѓународна помош и откажување на долговите на африканските земји. На состанокот ќе имаат обраќање генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан и претседателот на Европската Комисија Хосе Мануел Баросо.
XS
SM
MD
LG