Достапни линкови

logo-print

Приштина: Три експлозии, од кои една пред седиштето на УНМИК


Три експлозии кои речиси одекнаа истовремено синоќа го потресоа центарот на Приштина, од кои едната се случи во седиштето на УНМИК. Офицјални преставници на УНМИК соопштија дека ситуацијата во Приштина утринава е мирна, и дека се води интезивна истрага по сторителите на овие дела. Претставниците на УНМИК и косовската полиција засега немаат осомничени лица за трите експлозии кои синоќа го потресоа главниот град на Косово. Претставниците на УНМИК и полицијата смеаат дека сеуште е рано да се зборува за мотивите или авторите на овие експлозии коии се случија синоѓа околу 21 и 20 минути, пред седиштето на УМИК, ОБСЕ и во близина на косовскиот парламент. Премиерот на Косово Бајрам Косуми енергично ги осуди овие напади и оцени дека тоа се дела ,,на тие кои сакаат да му наштетат на Косово,,. Тој побара од полицијата и судството да ги откријат сторителите на овие дела.
XS
SM
MD
LG