Достапни линкови

Багдад: Осум ирачки полицајци убиени во бомбашки напад


Осум ирачки полицајци се убиени а 36 ранети во синоѓешниот самубиствен бомбашки напад во еден ресторан во градот Хили јужно од Багдад, соопшти полицијата. Со овој напад бројот на жртвите во текот на вчерашниот ден во Ирак достигна на најмалку 40 мртви. Најмалку 11 лица беа убиени а 22 ранети во првиот напад во центарот на Багдад. Уште најмалку 22 лица беа убиени а 52 ранети во 9 други напада во северниот и јужниот дел на ирачкиот главен град. Во сите овие напади мета на напаѓачите биле припадниците на безбедносните сили на Ирак. Синоѓешниот напад во Хили 100 километри јужно од Багдад го извршиле две лица кои со себе носеле експлозив.
XS
SM
MD
LG