Достапни линкови

Шести парламентарни избори


Во Албанија денеска се одржуваат 6 – тите по ред парламентарни избори. Прогнозите се дека главните ривали на албанската политичка сцена социјалистичкиот премиер Фатос Нано и бившиот претседател и лидер на Демократите Сали Бериша имаат изедначени изгледи, додека Илир Мета со релативно новото Социјалиститичкио движење демне од страна чекајки ја својата шанса на изненадување.

Двајцата долгогодишни ривали Фатос Нано и Сали Бериша в недела го финишираат својот дуел кој за едниот или другиот може да значи и крај на политичката кариера. Според последните истражувања, Бериша и неговите опозициони демократи имаат 35 насто доверба кај гласачите односно само еден процент повеќе од владеачките социјалисти на Нано. Можен пресуден играч е Илир Мета кој се надева дека ќе ги изненади и двајцата со неговото десидентско Социјалистичко движење кое според истражувањата има 10 насто подршка пред утрешното гласање. Мета кој се одметна од Социјалистичката партија на Фатос Нано, се надева дека ќе го држи балансот на власта меѓу Бериша и Нано. Албанија, вели Мета треба да се ослободи и од Сали Бериша и од Фатос Нано и да гласа за третата опција - за побрз од кон европската Унија, обвинувајки ги двајцата дека ја држат земјата во нивно заложништво. Меѓутоа премиерот Фатос Нано, всуишност ги предупреди гласачите дека гласот за Илир Мета е глас за Сали Бериша. Нано во текот на кампањата постојано ги потсетуваше граѓаните да се сетат на хаосот што Сали бериша го направи во земјата за време на неговиот 5 годишен претседателски мандат. На плакати, преку видео материјали постојано се пуштаа слики од апсењата од протести тенкови, и полиција како тепа луѓе во 1997 година. Аналитичарот Љутви Дервиши вели дека кампањата на Социјалистите на Нано се базирала токму на стравот, но и дека луѓето веќе не се плашат. Бериша играше на друга карта. Јас не го следам Нано, велеше тој со напомена дека ќе се бори против корупцијата, за нови работни места и повисоки плати. Неговите зборови по се изгледа погодија во сржта на 25 те проценти од населението кое живее на работ на сиромаштијата. Како и да е право на глас имаат 2, 8 милиони избирачи. Изборите ќе ги следат 400 странски и 3500 домашни посматрачи. Европската Унија и Соединетите Држави побараа фер и демократски избори.
XS
SM
MD
LG