Достапни линкови

Берлин: Парламентот гласа за доверба на владата


Германскиот сојузен парламент денеска, на барање на канцеларот Герхард Шредер, ќе гласа за доверба на владата. Шредер ги повика пратениците да и изгласаат недоверба на владата, со што би се отворил патот за одржување предвремени парламентарни избори. Канцеларот се реши на ваков потег откако неговата Социјал – демократска партија ги загуби изборите во Северна Рајна Вестфалија. Доколку се се одвива според планираното, претседателот на Германија Хорст Келер во рок од 21 ден ќе го распушти парламентот и ќе закаже нови избори, веројатно на 18-ти септември.
XS
SM
MD
LG