Достапни линкови

Шверцот на цигари и натаму присутен во Македонија


Цигарите бос лајт во продавница чинат 50 денари, но не и на зеленото Пазарче во Скопје. Таму може да се купат за 10 денари поевтино.Сите пазарџии го знаат и ќе ве упатат кај препродавачот , кој од под тезга и неприметливо ке ве услужи со бараната марка.

Тој вели дека цигарите кој ги продава се од домашно производтво.

Според сознанијата на МВР пак во Македонија нелегални фабрики за производство нема. Тутунските призводи кои тие ги имаат откриено во недозволена трговија се произведени во странство. Во текот на минатата година И од почетокот на оваа се откриени 159 случаи на ваков криминал.

„Запленети се 39,000 штеки цигари. Последниот случај беше минатата седмица на автопатот Велес – Скопје, кога беа пронајдени повеќе од 2,5 илјади штеки цигари,“

вели шефот на кабинетот на Министерот за Внатрешни работи Горан Павловски и додава дека овој случај на криумчарење тутунски производи е е еден од најголемите што полицијата ги открила. Но, МВР е задолжена за овој криминал во внатрешноста на државава и реагира по добиена пријава или во рутинска контрола на возилата а Царината пак за Шверцот на граничните премини и според нивните податоци во текот на минатата година се откриени 10 милиони 411 600 илјади парчиња цигари.

„Најмногу се откриени на Блаце како организиран шверц, а во патници на Деве Баир, Дојран и Гевгелија,“

вели Златко Ветеровски од царинската управа.

Поголема бројка пак која што царината ја открила се 2.099.000 парчиња цигари од марката Партнер кои на граничниот премин со Србија, Табановце во камион полн со јаболка се обиделе да ги прошверцуваат двајца босански државјани.

Во Македонија постојат три тутунски комбинати во Скопје, Прилеп и Куманово. Богољуб Милосавлевиќ финансиски менаџер на комбинатиот ви Куманово вели

„Јас навистина не знам колку се шверцува, но одговорно тврдам дека ако се намали шверцот профитот на комбинатот ќе се зголеми.“

Според податоците пак од царината најголем број на криумчарење на ттутунски производи се откриени во последниве две години.
XS
SM
MD
LG