Достапни линкови

Апатија и рамнодушност меѓу граѓаните


Во пресрет на донесувањето на законот за употреба на знамињата кој веќе се наоѓа во собраниска процедура, наспроти досегашната практика кога отварањето на вакви чувстиветелни прашања влијаеше на заострување на меѓуетничките односи, во моментов граганите во земјава не се многу возубдени по ова прашање, генерално мегу нив владее апатија и рамнодушност за овој дел од исполнување на политичките обврски. Поголемиот дел од оние што ги прашавме, не сметаат дека законот за употреба на знамињата со кој се предлага знамето кое го користи Република Албанија да биде и знаме на албанската етничка заедница во земјава, ке влијае на нарушување на мегуетничките односи.

„Не би рекол затоа што поголем дел од граѓаните на Македонија се спремни да живеат заедно.“
„Мислам нема да влијае, мора некој да попушти.“


И покрај тоа што повеќето од грагани не се толку засегнати и возбудени во врска со ова прашање, сепак имаат изградено свој став, кој меѓу Македонците предизвикува доза на неодобрување, а кај граганите од албанска националност поддршка за овој предлог:

„Јас случајно сум Албанец. Албанското знаме не треба да се смета како државно знаме, тоа е и национален симбол, не само државен.“
„Ни пречи по малку, наша земја, туѓо знаме, ќе видиме,“


то пренесуваат своето мислење македонските грагани кој во продолжените одговараат дека без разлика на нивното мислење жешката дебата им ја препуштаат на политичарите, бидејќи политиката веќе не ги засега толку. Она што може да се забележи во нивните мисли е преокупираноста со економските проблеми.

„Што мислите за законот за знамињата?“
„Абе најлошо! Полошо не може да биде“
„Сега треба да се свртиме на економијата.“


Имено нашиот разговор со граѓаните, е само потврда не најсвежата анкета спроведена од Канцеларија на ОН во земјава, во која 45 % од населението во земјава, ги оцени меѓуетничките односи како релативно добри, а како најголем проблем ја лоцираа економската ситуација. Според истата анкета 62% од македонците и 60% од албанците одговориле дека политичарите во земјава ги предизвикуваат етничките тензии.
XS
SM
MD
LG